Утре, во просториите на општинската зграда во село Мешеишта – Дебарца, со почеток во 11 часот, ќе се оддржи збирна промоција на повеќе книги од различни автори.

Ќе бидат промовирани делата од : Елена Карамешиноска Ангелоска- „Сон“,  „Го прегрнав името“, „ Во лавиринтот на мојот акростих“ ; од Ѓорѓи Калан- „Врели дождови“, „Сонувалка“; Наум Трајкоски- „Монографија за Климештани“; Васил Калески-„ Душата на селото“; Марјан Калески- превод од старогрчки јазик „Дијалог од Платон- Критија“, Петар Аврамоски- „Трепети од детството“ и од авторот Пере Ристески- „Гревот на првата љубов“ и  „Крајпатни ветришта“.

OhridNews