Неодамна основаното Здружение за наука, уметност и култура “Илинден” од охридското село Мешеиста започна со реализација на неколку активности.

По завршувањето на  51- те  Струшки вечери на поезијата, а во рамки на постфестивалските поетски читања низ други места во Македонија, Здружението организира митинг на поети од земјата и од странство.

 
На митингот учествуваа поетот Том Пецинис, Македонец што живее во Мелбурн, Австралија и пишува на англиски и македонски јазик, поетесата Ана Ристокина од Москва и македонските поети Тоде Илиевски од Охрид, Ѓоко Здравевски и Иван Шопов од Скопје, Славица Гаџова од Ресен, како и членовите на Здружението Ѓорѓи Калан, Петар Аврамоски, Науме Падически, Науме Трајкоски, Васил Калески, Љубомир Гашоски и други.

Со своето учество, интересната програма ја збогатија и ликовните уметници Живко Поповски Крсте Мартиноски.

OhridNews