Од ЈП „НИСКОГРАДБА“со апел до граѓаните на Општина Охрид, сопствениците на викенд станови и пред се до станоиздавачите да внимаваат и им укажуваат на своите гости да не фрлаат секаков вид тешко разградлив отпад ( крпи, хигиенски влошки, влажни марамчиња, детски памперси…) во мрежата за одведување на отпадни води.
– Поради фрлањето на ваков отпад често пати доаѓа до дефекти и оштетувања на самата мрежа и загрозување на здравјето на луѓето, потенцираат од јавното претпријатие.











