Најновите проценки на американското разузнување покажуваат дека до крајот на 2030-та година, Кина ќе ги надмине САД, наметнувајќи се како водечка економска сила. Сепак, извештајот објавен од Националниот разузнувачки совет, прикажува дека Американците ќе останат главен светски лидер.
Според повеќето параметри, меѓу кои бруто-домашниот производ, бројноста на населението, армиските трошоци и технолошките инвестиции, Азија ќе ги надмине Северна Америка и Европа. Во извештајот стои дека после 20 години, за прв пат мнозинството од светското население нема да живее во сиромаштија, а ќе се зголеми бројноста на средната класа.
Со зголемувањето на бројот на светското население, се очекува поголема побарувачка за ресурсите. Според извештајот, САД ќе бидат енергетски независни, додека Русија, Европа и Јапонија ќе имаат мала економска рецесија.
Идните воени дејствија според овие прогнози, и натаму ќе бидат во земјите од Азија и Блискиот Исток, а нивното снабдување со нуклеарно оружје би довело до глобални последици.
Инаку, овој извештај се објавува на секои четири години, претставувајќи ја анализата на информации собрани од американската разузнувачка заедница и експертите во светот.
Сите злоупотреби и узурпации на одводните канали од страна на физички и правни лица или блокирани од урбан отпад на територијата на општина Струга ќе бидат идентификувани и ќе се интервенира таму к...
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19012026 (понеделник) од 9-15 часот во Центарот...
Сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец Во Охрид времето денес сончево со мала облачност Максималната температура до 9 степени Ут...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.