По повод Велигденските празници, утре и задутре на плоштадот кај Чинарот по петти пат ќе се одржи Велигденски саем. Како и секоја година, ќе бидат изложени бројни рачно изработени велигденски украси од учениците во основните и средни училишта, колачи, украсни предмети.
Велигденскиот саем е во организација на општина Охрид и ЈП Градски пазар, а со цел збогатувањето на верско-туристичката понуда на Охрид.
OhridNews












