Новите истражувања што ги спроведоа британските и фински научници поакажаа дека нивото на морињата до крајот на овој век би можело да порасне за 1,5 метар што би натерало милиони луѓе да мигрираат во подрачја со поголема надморска висина.

Научниците дојдоа до сознание дека поларниот мраз на Гренланд и Антартик се топи многу побрзо отколу што порано било предвидено.


Овие резултати до кои дојдоа тимовите на британските и финските научници се презентирани на меѓународната конвенција на научници која е одржана во главниот град на Австрија, Виена.

Доколку би продолжило досегашното темпо на топење на глечерите во наредните сто години, нивото на морињата би пораснало од 50 до 140 сантиметри.

Со вакво темпо на топење би дошло до потопување делови на земјата кои имаат ниска надморска висина како што е Бангладеж.