Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање и оваа година традиционално се одбележа во населбата Воска во водите на Охридското Езеро. Помеѓу педесетина капачи кои се фрлија во судената езерска вода најсреќен беше Христијан Митрески.
Во рамки на оваа Богојавленска прослава присуствуваа околу стотина граѓани, а како претставник на локалната самоуправа од Охрид, присутен беше и советникот Кујтим Усеини кој изјави дека е среќен што овој ден во Воска се обележува се помасовно.
Во организација на црквата „Св.Петар и Павле“ во село Мешеишта и оваа година светиот крст се фрлаше во водите на река Сатеска, а најсреќен помеѓу педесетмината беше Миле Алексиески.
OhridNews













