Вкупно 51 лице се приведени изминатата ноќ во Сплит поради инцидентите што ги предизвикаа навивачи на Хајдук во и надвор од стадионот Пољуд по натпреварот со загрепски Динамо, а лекарска помош побарале тројца полицајци, соопшти полицијата.

Со навремена реакција и дејствување на полицијата нападот е спречен и луѓето се пренасочени на трибините, соопштија од полицијата.
Во соопштението се вели дека по натпреварот, во и околу стадионот, во неколку наврати поголеми групи луѓе ја нападнале полицијата фрлајќи кон нив запалени ракети, шишиња, камења и други предмети.
Во овој момент лекарска помош побарале тројца полициски службеници кои се пренесени во сплитската болница. Оштетено е и едно службено возило, се вели во соопштението објавено по полноќ.
OhridNews
фото. Фејсбук/МИА










