Верниците и почитувачите на духовното и културното наследство се поканети да присуствуваат на свеченото одбележување на 100-годишнината од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Волино, што ќе се одржи на 26 јули (недела).

Јубилејот го организира храмот „Пресвета Богородица“ – Волино при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по повод еден век од осветувањето на црквата (1926–2026).

Свеченоста ќе започне во 9 часот со свечен пречек на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, по што ќе биде отслужена Света архиерејска божествена литургија.

По богослужбата е предвидена заедничка трпеза и дружење за сите присутни, со што ќе биде заокружено одбележувањето на значајниот јубилеј.

Од храмот „Пресвета Богородица“ – Волино упатуваат покана до сите верници и добронамерници да бидат дел од оваа голема духовна свеченост и заеднички да го одбележат вековниот јубилеј на храмот.

OhridNews