Со изложба на ликовни дела на уметници од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид што ќе се одржи во изложбениот салон во недела, 5-ти февруари, во 11:45 часот, ќе започнат годинешните „Прличеви беседи“.
Главната свеченост посветена на лауреатот за наградата „Григор Прличев“ ќе почне во 12 часот со настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев”, а обраќања ќе имаат и претставник од НУЦК „Григор Прличев”- Охрид и претставник од Општина Охрид.
Потоа што следи претставување на наградената поема за 2022 година „Коњски житија“, артистичка изведба на поемата, врачувањето на Повелбата за најдобра поема за 2022 година и обраќање на лауреатот Зоран Анчевски.
Свеченост ќе се одржи во малата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид.
OhridNews













