Со почеток во 12 часот, во недела, во малата сала на Центарот за култура, охридскиот народен тетар ќе ја изведе детската претстава „Свадбата на Итар Пејо“  од авторот Бранислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски.


Улогите ги толкуваат : Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.

Со оваа претстава,  ќе биде промовиран нов термин на Охридскиот народен театар, кој се планира да биде редовен во 2013, а наменет за најмладата публика.

OhridNews