Поради завршната  активност „Ден без автомобили“, во рамки на Европската недела на мобилност“, во недела, 22-ри септември, од 08:00 до 14:00 ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во Охрид.

Улицата „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај од кружниот тек кај Охридска Банка па се до кружниот тек кај пристаниште, заедно со дел од ул. „Коста Абраш“  од пресекот на оваа улица со улицата „Цар Самоил“ до рампата кај споменикот Фаќач на крст. Затворен за сообраќај ќе биде и дел од улицата „Димитар Влахов“ од пресекот со улицата „Кузман Јосифовски Питу“ до пресекот со  „Македонски Просветители“.

Пешачка зона времено ќе биде улицата „Македонски Просветители“ каде покрај возење ќе биде забрането и паркирање автомобили. Граѓаните ќе можат слободно да пешачат, возат велосипед, ролери, а најмладите  слободно да го искористат овој простор за нивните игри.

Општина Охрид ги повикува  сите граѓани да учествуваат во одбележување на  Светскиот ден без автомобили.

Настанот ќе биде обезбеден од службени лица на СВР Охрид .

OhridNews