По акцијата за уредување на стационарот на Здужението за заштита на животни „Анималиа“, активистите на „Чист Охрид“, во недела на 3-ти април 2016 година ќе организираат уште една акција за чистење.
Овој пат ќе се чисти просторот позади станбените згради на булевар „Туристичка“, во кои е лоцирана продавницата „Тренд“. Збирното место на заинтересираните ќе биде пред продавницата во 12 часот.
Членовите на „Чист Охрид“ упатија благодарност до ЛК „Лихнидос“ кој деновиве им донираше опрема.
OhridNews