Во планинаската тура може да земат учество сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заШтита од дожд и ветар, храна и вода, минимум 1,5 л., капа, очила и друга заштита од сонце.
Групата ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.
Поаѓањето со автобус ќе биде на 12- ти мај, недела, во 8 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид. Цената за превоз изнесува 150 денари по особа.
Заинтересираните лица потребно е да се пријават во просториите на општинскиот Црвен крст и да пополнат соодветна пријава за учество, секој работен ден од 8-15 часот, најдоцна до 10- ти мај.