Во недела, 15 април, во 13.15 часот на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигнат првите гости од Истанбул со авион на компанијата Онур Ер. Првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата Онур Ер, ќе се одбележи со пригодна свеченост на охридскиот аеродром.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и претставници на Онур Ер и на Татилбудур.

OhridNews