Утре, недела, ќе ечат камбаните, зурлите и тапаните, во повеќе села од малата, но со активности– богата рурална општина Дебрца. Случувањата од големата сенародна прослава, се дел оде кампањата, односно Програмата за одбрана на територијата од еколошка загроза.

Централната манифестација, со симболичниот термин – “пет до дванаесет!” ќе се одржи во селото Годивје, под формалното име: “Гомлезијада – Годивје – 2018”. Манифестацијата започнува во 8,00 часот, со подготвување на народниот, локален, специјалитет – ѓомлезе, мегу населението познато јадење и како тури – потпечи.

Според програмата, 20 – ина припаднички на понежниот пол, од сите села на општина Дебрца, со своите реквизити – сач и пирустија, како и другите потребни садови и алатки, ќе подготвуваат гомлезе според личен рецепт, додека организаторот обезбедува брашно, зејтин, сол и дрва.

За целото време, гостите ќе ги забавуваат фолклорни групи, како Група Прима Бенд, Елена Јовческа, Дарко Стојаноски, Спасе Матлиоски и други.

Но, тоа не е се, oд културолошки аспект. Во Годивје,практично ќе се случува мал фолклорен фестивал. Покрај од општина Дебрца (КУД “Дебрца”-Мешеишта), и општина Охрид, ќе настапат фолклорни ансамбли од други македонски градови, но и од 4 странски земји: “Дофтината” (Валеа Дофтанеи) – Романија, “Скални” од Краков – Полска, “Подуенска китка” од Софија, Бугарија и КУД “Св.Криж”, од Зачартје, кај Загреб – Хрватска, додава Андрески.

Паралелно, во тек се активностите од 34-та, по ред, Ликовна колонија “Дебрца – 2018”, чии учесници утре ќе творат во Црвена Вода, а потоа ќе им се придружат на славениците во селото Годивје.

OhridNews