Во недела на 29-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ВМРО – ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина.
Од партијата ги повикуваат граѓаните на Охрид да земат учество на трибината и со свои предлози и сугестии директно да учествуваат во изработка на идната Програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните Парламентарни избори.
Според најавите, на трибината ќе присуствува тим од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата на Република Македонија.
Почетокот на настанот е во 20 часот.
OhridNews