Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија. Турнирот започнува во 15:00 часот.

Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин. После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција кога ќе се натпреваруваат 12 екипи поделени во две групи, информираат од ЈП „Билјанини Извори“.

Полуфиналните и натпреварите за трето и прво место, посочуваат. се закажани за од 20:00 часот.

Очекуваме многу забава, многу изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!, додаваат.

Турнирот е во организација на ЈП „Билјанини Извори“ и КК „Колибри“, а со поддршка на Општина Охрид.

OhridNews