Во организација на Ансамблот „Филиграни” во недела, 16-ти април, со почеток од 12 часот во близина на црквата Св. Петка во село Велгошти ќе се оддржи голем „Велигденски концерт”.

Во двочасовната програма ќе настапат сите групи на организацискиот ансамбл „Филиграни”, а со песна ќе се претстави и членот, Билјана Буџакоска, потоа КУД „Фолклористи”, ФА „Отекс-фолк” и КУД „Илинден”.

OhridNews