Од СВР Охрид со повеќе детали околу трагичниот настан што денес се случи во Струга. Оттаму, информираат дека случајот, во полициската станица во Струга, бил пријавен во 12 часот и 20 минути, од страна на ЈЗУ „Општа болница“ Струга. Од болницата известиле дека станува збор за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

  • По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот, поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Констатирано е дека малолетното девојче било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат. Во еден момент ја немало во собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хирургија при Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во болницата била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.

OhridNews