Вчера, во 9 часот и 15 минути, во струшкото село Лабуништа, на местотоо викано „Скала“, дошло до несреќен случај во кој животот го загубил Мавмуд Ј.(66) од село Лабуништа.

Имено, на наведеното место додека М.М. (37) од Лабуништа управувал трактор  без регистерски таблици, се откачила приколката од истиот,  која била натоварена со бетонски шахти, при што истата пропаднала во длабнатина и го потиснала Мавмуд Ј.

Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Струга. 

OhridNews