Охрид во ноември 2025 го посетиле вкупно 18 103 гости, од кои 6 417 биле домашни, а 11 686 се странски. Бројот на ноќевањата изнесува 33 149, од кои 12 512 се од домашните туристи, а 20 637 од странските, покажуваат податоците на Државниот завод за статстика.
Најмногу странски туристи во Охрид имало од Германија – 3 537, Турција – 2 031, по што следуваат туристите од Франција – 839, Грција- 798, Велика Британија – 637, Србија – 461…
Струга ја посетиле 3 892 туристи, од кои 1 669 домашни и 2 223странски. Биле осварени 5 861 ноќевања од кои 2 375 се од домашните туристи, а 3 486 од странските. Најбројни биле туристите од Турција.
На ниво на држава во ноември 2025 вкупниот број на туристи изнесува 77 570 кои оствариле 146 605 ноќевања. Од нив 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи.
Најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12 401 по што следуваат Германија – 11 812, Србија – 3 793, Грција – 3 506…
Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33,9 проценти се од домашните туристи, а 66,1 проценти од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5 процента, а кај странските има зголемување за 10,3 проценти, посочуваат од ДЗС.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,8 проценти, така што кај домашните туристи има намалување за 4,3 проценти, а кај странските има зголемување за 6,9 проценти.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС












