Во технолошко индустриската развојна зона „Охрид – Струга“, ќе се гради фабрика за производство на козметика и средства за чистење и лична хигиена, инвестиција на „Reci & Sons Enterprise“.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи, е задоволен што ќе инвестира во родниот крај, што за него претставува остварување на еден долгогодишен сон кој што го има неговата фамилија.

Објектот ќе се простира на површина од 2.500 м2 под хала и уште 750 м2 за делот на администрацијата. Комплетната инвестиција е со висина од 3.000.000 евра, а ќе се вработат околу 250 лица.

Компанијата е формирана во 2012 година во Њу Џерси, САД.

OhridNews