Во пресрет на 23 Април–Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска  до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ–РОДЕНИ ВО АПРИЛ.

На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески.

Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот