Во Њујорк е изложена статуа на фудбалерот Дејвид Бекам
19.08.12 00:45
Сребрена статуа на фудбалерот Дејвид Бекам висока 3 метри е подигната на Менхетен со цел промоција на бреднот H&M, односно новата колекција на долна облека која 37 годишниот фудбалер ја лансирал во соработка со шведскиот бренд.
“Многу сум радосен што на луѓето им се допаѓа мојата нова колекција, а првата сезона на колекцијата беше многу успешна” изјавил Бекам.
Оваа промотивна кампања на H&M по се изгледа дека ќе биде многу успешна поради фактот што статуата во Њујорк привлекува големо внимание и стана вистински хит на социјалните мрежи. Слични статуи ќе бидат поставени пред продавниците на H&M во Лос Анџелес и Сан Франциско во текот на наредната недела.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...