Доцна синоќа по македонско време, во Њујорк завршија поединечните средби на медијаторот Метју Нимиц, со македонскиот и грчкиот преговарач во спорот за името, амбасадорот Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
За денеска, предвидена е заедничка средба со претставниците на двете земји, а експертите шансите за напредок во преговорите ги оценуваат како исклучително слаби.
Претходно, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Мартин Несирки, во изјава за медиумите посочи дека Бан Ки-мин изразил надеж дека оваа разговорите ќе вродат со плод и ќе се изнајде решение за деценискиот проблем.
OhridNews