Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19, од кои 2 во Охрид. Според информациите на Мининистерството за здравство, најмногу новодијагностицирани има во: Скопје 17, Тетово 7, Куманово 6, Штип 6, Гостивар 5, Струга 3…

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15090, бројката на оздравени пациенти е 12235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238.

OhridNews