Во период од 22 до 28 август Центарот за јавно здравје зел материјали за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 133 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Од нив, 86 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 47 материјали биле земени со упат од матичен лекар.
Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 13 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар. Активни случаи во Охрид се 31, во Струга 61, а во Дебар 85. Оздравени се 45 лица од Охрид, 98 лица од Струга и 4 лица од Дебар. Починале 3 лица од општина Дебар. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews











