Во организација на проектот финансиран од Европската Унија – Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО), а во соработка со Национален совет за родова еднаквост, Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој , Конфедерација на работодавачи и Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на 27 и 28 јуни  во Охрид ќе се одржи Национална конференција на тема “Соработката со граѓанските организации со локалната самоуправа”.

Главна цел на оваа национална конференција е да се пренесат искуствата добиени од ТАКСО регионалната конференција на истата тема и да се отвори можност граѓанските организации да дискутираат заедно со сите релевантни чинители. Заклучоците и препораките од конференцијата ќе бидат основа за следни заеднички чекори на ГО и локалните самоуправи за подобра соработка на локално ниво.  

На Конференцијата се поканети да земат учество претставници од граѓанските организации (ГО), претставници од локалните самоуправи (градоначалници или други претставници), претставници од Министерството за Локална самоуправа, од ЗЕЛС, владини претставници, претставници од мрежите и платформите на ГО и претставници од медиуми.

OhridNews