По повод Светскиот ден на борба против хепатитот, денес на плоштадот во Охрид со почеток во 10:30 часот ќе се одржи едукативен настан во организација на Хепар Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болеси “Ретко е да си редок” од Охрид, на кој пошироката јавност ќе биде запознаена со хепатитисот како болест и начините нја превенција, заштита и лекување.
Мото на настанот е “I Can’t Wait’ Wе Cant Wait, Hep Cant Wait“
Во 2022 година за прва пат се спомнува и се става во програма најавуваниот Црнодробен центар кој беше дел од целите на 1-вата Националана декларација за црнодробен карцином во владината програмата за малигни болести, посебно во делот за превенција и промоција на црнодробниот центар, велат организаторите.
Инаку, доколку навремено не лекува Хепатитис Б, Ц и Д може да доведе до рак на црниот дроб. Загрижува тоа што 90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатитис, а не се свесни дека го имаат, посочуваат организаторите на настанок кој има за цел подигање на јавната свест за борба против хепатитис.
OhridNews












