Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=9.

Во Охрид денес сончево со температура во интервал од 16 до 35 степени.

До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со засилен до силен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

OhridNews