По повод јубилејот – 20 години постоење, Интенациналната Taekwon-Do Федерација на Република Македонија организира Taekwon-Do ITF турнир – „Охрид ОПЕН 2012“ кој ќе се одржи од 20 до 22 април.


Во Охрид доаѓа и рускиот мајстор Сајан Бат, петкратен светски шампион и човекот кој важи за сива еминенција во овој спорт. Тој досега нема изгубено ниту една борба во кариерата.  Важи за еден од најдобрите техничари во историјата на Taekwon-Do спортот.

На турнирот се одржува по највисоки светски стандарди се очекуваат врвни спортисти од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Унгарија, Романија и др.

Ohridnews