Иниицијатива е на педесетина дуканџии од градот, а здружението со работа започна во мај под името „Чаршиски еснаф“. Целта е да ги штити и застапува правата на трговците.

-Ја увидовме потребата за создавање на вакво друштво кое што ќе ги штити правата на сите трговци, како и навремено детектирање на сите проблеми со кои се соочуваме во текот на нашето работење. Имавме проблеми од различен тип, но немаше кој да не застапува затоа што треба некој официјално да застане зад тоа. – изјави Маја Бакалова претседател на здруженето „Чаршиски еснаф“.

На 19 јуни во 19 часот во општинската сала во Охрид, здружението ќе одржи состанок со сите трговци и ќе предложи понатаошни планови и цели.

– Ќе ги презентираме нашите понатамошни планови и цели. Очекуваме сите трговци од градот рамноправно да се вклучат во донесувањето ан одлуки на нашето здружение. – додава Бакалова.

Во работата на здружението „Чаршиски еснаф“ учество може да земат сите дуќанџии кои се занимаваат со трговија на текстил, обувки, козметика, накит и слично.

OhridNews