Во хотел Метропол во Охрид, денес, во организација на Цивика мобилитас се одржува тематски форум „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија“.
Говорници се Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии, Санела Шкријељ, шеф на кабинетот на министерката за труд и социјална политика и Трајан Димковски, шеф на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На Форумот се зборува за феноменот  на зголемена вклученост на граѓанските активисти во државните институции и потенцијалите од ваквите трансфери за сите засегнати страни. Говорниците освен што се членови на сегашната Влада, имаат искуство во граѓанскиот сектор како активисти, па можат да ги адресираат можностите за развивање на системска и суштествена соработка помеѓу граѓанскиот и државниот сектор, како и идентификување на потенцијалите и продобивките од истата.

OhridNews