Со богослужби и верски обичаи во Охрид и охридско денеска се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.
Утрово во црквата Св. Богородица – Каменско се одржа света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичесвки г. Тимотеј.
По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно денеска се одржува голем црковно народен собир на кој присуствуваат неколку илјади верници. И годинава, според традицијата, се одржа наддавање за светиот крст,средствата собрани од наддавачите ќе бидат искористени за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.

На темелите на вековната традиција денешните генерации не само што ја чуваат верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место.











