
Чествувањето започна утрово во црквата Св. Богородица – Каменско каде се одржува света архиерејска литургија на која чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичесвки г. Тимотеј.
По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно, денес се одржува традиционалниот, голем црковно народен собир на кој присуствуваат неколку илјади верници.
Како и секоја година така и оваа, ќе се одржи наддавање за светиот крст, а средствата собрани од наддавачите ќе бидат искористени за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.
Веќе петнаесетина години црковните одбори во кои членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем број постители. Црквата целосно е возобновена пред 5 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.












