Во дел од малопродажните објекти и ресторани во Охрид, Струга, Прилеп, Битола и Дебар била откриена нелегална продажба на акцизни добра односно алкохол и цигари, во рамки на контролите кои ги извршила Царинската управа во текот на изминатите два дена.
Според објавените информации, бил исконтролиран 41 објект, а во рамки на контролите во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени алкохол и цигари.
-При контролата одземени се 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура). Алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето, информираат од Царинската управа.
Против прекршителите ќе бидат преземени соодветни законски постапки.
OhridNews