Во текот на последите два месеци на ниво на Македонија биле дистрибуирани околу двесте илјади електронски здравствени картички, а во моментов 50% од граѓаните веќе ги користат, изјави денес во Струга директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнарџиева – Змејкова, каде оствари средба со раководителите на подрачните одделенија на фондот во Охрид и Струга.
Како што рече Парнаџиева- Змејкова, во Охрид и Струга поделени се шеесет илјади картички, односно 60% од граѓаните од овие два града веќе имаат електронски здравствени картички.
Според податоците, на ниво на општините Охрид и Струга евидентирани се 110.000 осигуреници кои имаат здравствено осигурување.
Директорката упати апел во наредниот месец, оние кои тоа до сега не го направиле да поднесат апликации за електронски здравствени картички, со цел да не се користат повеќе сините картони.
OhridNews