Во периодот од 21 до 27 ноември Центарот за јавно здравје Охрид извршил 251 тестирање на лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во овој период,  дијагностицирано е присуство на COVID-19 кај вкупно 436 лица и тоа кај 221 лица од општина Охрид, кај 181 лица од општина Струга и кај 34 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 176 лица од Охрид, 115 лице од Струга и 25 лица од Дебар. Починати се 3 лица од Охрид, 3 лица од општина Струга и 2 лице од општина Дебар. Активни случаи заклучно со 27.11.2020 г. во Охрид се 614, во Струга 427, а во Дебар 91. – информира Центарот за јавно здравје.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 27 ноември, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 3405 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1551 лица во општина Охрид и Дебрца, 1399 лица во општина Струга и Вевчани и 455 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 949, од Струга се 898, а од Дебар и Центар Жупа се 341 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 52 починати пациенти, од општина Струга се починати 88, а од Дебар и Центар Жупа се починати 21 лице.

OhridNews