Во Охрид изминативе 24 часа наврнаа 13 литри дожд на м2, додека најмногу дожд имало во Крушево каде се забележани 26 литри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Маврови Анови наврнале 23 l/m2, 14 l/m2 во Скопје-Петровец, 13 l/m2 во Битола, 11 l/m2 Попова Шапка, 8 l/m2 Крива Паланка, Претор и Тополчани, 7 l/m2 во Лазарополе, 3 l/m2 во Берово, 2 l/m2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и Пожаране, 1 l/m2 во Тетово и Демир Капија.
Во Охрид утрово е измерена минимална температура од 9 степени.
OhridNews