Холандските туристички работници, на охридскиот аеродром ќе ги пречекаат претставници од Амбасадата на Кралството Холандија предводени од Н.Е. г-ѓа Мариет Схурман, претставници од општина Охрид, Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија како и претставници од локалните туристички агенции Каратанова Турс и Охрид Холидејс.
Помеѓу другите активности, преставниците од најважните туристички агенции од Холандија, ќе имаат можност лично да ги искусат убавините на Македонија, а меѓу другото и да воспостават основа за понатамошна соработка и зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.
Првата група холандски туристи за летната сезона 2013 пристигна на 26 Април. Во 2010 година Македонија ја посетиле вкупно 6612 холандски посетители и туристи, во 2011 година оваа бројка се искачи на вкупно 22 219, додека пак во 2012 македонија ја посетија 27.121 холандски посетители и туристи. Оваа бројка бележи нагорен тренд и во текот на оваа летна сезона преку тур-операторите се очекува да пристигнат над 25.000 холандски туристи.