„Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“ ќе биде темата на трибината за аутизам што утре наплднe ќе се одржи во големата сала на општина Охрид. Целта на настанот е да се поттикне отворањето на центри за децата со аутизам.

На средбата  покрај пригодното обраќање на претставник од општина Охрид свое предавање ќе има проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На трибината ќе учествува и д-р Сашо Василески, пратеник во Собранието на РМ и претседавач на интерпартиската група на лица со посебни потреби, a модератор ќе биде Александра Апостолова, дефектолог во општа Болница –Охрид.

Трибината е наменета за родители, дефектолози, психолози, наставници, педијатри и другите стручни профили од охридско – струшкиот регион, кои се заинтересирани за проблемот.

Одржувањето на трибината го помогнаа А.Д. „Галеб“ Охрид и интернет порталот „OhridNews“, кој воедно е и медиумски покровител на настанот.

OhridNews