
Најавено е присуство на 90 учесници од земјите на регионот на Европа и Централна Азија, високи претставници на УНЕП/Секретаријат за заштита на озонската обвивка и на Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, како и експерти од областа на управување на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка од земјите на ЕУ и пошироко.
Состанокот е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата за животна средина при Обединетите Нации (УНЕП).
На отварањето ќе се обратат и Марко Гонзалес, извршен секретар на УНЕП –Секретаријат за озон и Сиди Менад Си-Ахмед од УНИДО.












