Во рамки на Комисијата за меѓуопштинска соработка, утре во Охрид, државниот секретар во министерството за локална самоуправа, Сашо Стефаноски, ќе ги претстави можностите за обезбедување на енергетска ефикасност во општините.
Комисијата за меѓуопштинска соработка, со која ќе раководи државниот секретар Сашо Стефаноски, утре во Охрид ќе одржи работен состанок на тема: Унапредување на енергетската ефикасност во општините во Република Македонија. При тоа, од страна на Стефаноски , ќе бидат претставени можностите за обезбедување на енергетска ефикасност во општините.
На состанокот ќе присуствуваат директорите на 8-те Центри за регионален развој во Република Македонија, кои што ќе ги презентираат анализите за потребите на општините во секој плански регион, со цел да се најдат најсоодветни начини за обезбедување на енергетска ефикасност во делот на уличното осветлување и на јавните објекти во надлежност на локалната самоуправа.











