Претставници на  Центарот за развој на локалната демократија  и  менаџерот на проектот „ Поддршка на имплементацијата на концептот за ресторативна правда“  Гри Акре Телум , денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Гостите, информираа дека овој пилот проект, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка, а во соработка со Министерството за правда на Република Македонија , успешно е реализиран во општина Тетово.

На средбата беше речено дека Норвешкото министерство за надворешни работи , во соработка со нивната национална служба за медијација, одлучило проектот за ресторативна правда ( специфичен  вид на медијација ) да продолжи во Охрид.Предлогот е прифатен од надлежните македонски државни органи и се очекува за кратко време да биде потпишан Протокол за соработка и реализација на проектот.

OhridNews