Утре на 2-ри април во 12 часот, на Градскиот плоштад во Охрид ќе се оргнизира забавна манифестација по повод Светскиот ден на лицата со аутизам.

-Ве повикуваме дружиме и да се разубавуваме, да танцуваме и да го одбележиме овој меѓународен ден. Во рамки на богатата програмата ќе има ритмички игри, ќе има шминкери и фризери, велат организаторите. Тие упатија благодарност до општина Охрид, до младите волонтери од Програмата за хумани вредности при охридскиот Црвен крст и до Комората на занаетчии од Охрид.

Како поддршка на лицата со аутизам, утревечер од 20 часот, рефлекторите пред зградата на општина Охрид ќе светат во сина боја.

Светскиот ден на лицата со аутизам се одбележува со цел е да се подобри квалитетот на животот на лицата со аутизам, да се згрижат тие лица, да им се даде рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.

OhridNews