Во понеделник на 30-ти мај 2016 година во просториите на Црвен крст во Охрид со почеток во 14 часот ќе се одржи обука во рамки на кампањата „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“ која ја спроведува Црвен крст на Република Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Целта на обуките е запознавање со кампањата чија цел е подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби за мигрантите и бегалците кои транзитираат низ нашата држава, за лицата кои се наоѓаат во центрите на граничните премини, како и запознавање со точни и веродостојни информации за реалните состојби на терен.

OhridNews