Од денеска до 27-ми март во Охрид ќе се одржи тридневна работилница за претставници на медиумите, која ЕВН Македонија ја организира во рамки на платформата за енергетска ефикасност.
Тема на работилницата е „Примена на енергетската ефикасност во домаќинствата“ и на неа ќе биде дискутирано за Платформата за енергетска ефикасност, Новите трендови на енергетската ефикасност во домувањето, за Енергетски ефикасни градежни материјали, Финансирање на енергетската ефикасност во домовите и слични теми.
Според најавите, во рамки на првиот ден од работилницата ќе присуствуваат Министерот за економија Беким Незири, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер и директорот на Агенцијата за енегретика Александар Дуковски.
OhridNews













