Во рамки на годинешното одбележување на 63- тиот роденден на Европската унија, во  Охрид ќе биде отворена нова Инфо канцеларија.

Информативната мрежа на ЕУ освен во Охрид, ќе се прошири и во општините Гевгелија, Крива Паланка и Дебар.

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Европското движење ќе организираат повеќе од 50 настани со цел да го прослават Денот на Европа.

Ќе се одржи традиционалниот настан Денот на европското знаме, Скопскиот маратон по повод Денот на Европа, а ќе бидат одржани и бројни дебати, предавања, натпревари и локални прослави низ целата земја. Автобусот на ЕУ повторно ќе патува и ќе ги посети селата: Муртино (Струмица), Зелениково (Скопје), Кучевиште (Чучер Сандево, Скопје), Ваташа (Кавадарци), Доброште (Теарце, Тетово), Форино (Гостивар), Зајас (Кичево), Миравци (Гевгелија), Буково (Битола) и Вевчани.

OhridNews