Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре, во Охрид ќе потпише Меморандум за соработка со деканите на Педагошкиот Факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за образовни науки и Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.

Настанот ќе се одржи со почеток во 11 часот, во просториите на бесплатниот интернет клуб на Министерството за информатичко општество и администрација во Охрид.

OhridNews